КУД „Гердан“ врши упис на нови членови

КУД „Гердан“ врши упис на нови членови

Охрид, 21. септември 2021 (ИНПРЕС) – Охридското културно уметничкото друштво „Гердан“ врши упис на нови членови во фолклорната и музичката секција.

– Сите заинтересирани може да се пријават во просториите на КУД „Гердан“ на улица „Кирил и Методиј“ во населбата и тоа секој понеделник од 19:00 до 20:00 часот и сабота од 10:30 до 12:00 часот, информираат од друштвото.

Во 2018 година КУД „Гердан“ одбележа 50 години од своето постоење. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива