Секој вторник Санкт Петербург – Скопје, нова авиолинија на „Нордвинд Ерлајнс“

Секој вторник Санкт Петербург – Скопје, нова авиолинија на „Нордвинд Ерлајнс“

Скопје, 21. септември 2021 (ИНПРЕС) – Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје.

Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.

По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз.

На 4-ти јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок.

„Нордвинд ерлајнс” е една од најдобрите седум руски авиокомпании. Нуди летови во повеќе од 200 дестинации, врши превоз од 95 градови во 20 земји и има над 650 летови неделно. Околу 150.000 патници ги користат нејзините услуги секоја недела. Во 2019 година, пред КОВИД-пандемијата, „Нордвинд ерлајнс” транспортирала скоро осум милиони патници. Авиокомпанијата оперира со 33 авиони „Ербас” и „Боинг”. (Крај)

извор: Бизнис вести фото: архива