Охрид ќе воспостави соработка со полскиот град Огроџењец

Охрид, 23. септември 2021 (ИНПРЕС) – Општина Охрид ќе воспостави соработка со полскиот град Огроџењец.

Охрид беше домаќин на поширока делегација од овој полски град. Градоначалничката Ана Пиларцук на средбата со охридскиот градоначалник Константин Георгиески му предаде писмо за намери и меморандум за соработка, а се очекува во наредните денови Советот да ја формализира соработката помеѓу двата града.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат, внатре и текст кој вели „ම Ogrodzieniec“

– Се надевам дека оваа соработка нема да остане само добра волја на хартија, туку дека ќе се продлабочи во иднина. Особено ми е драго што на оваа средба се присутни луѓе од речиси сите области во бизнисот и се надевам дека работата во групи ќе даде посебен придонес и во иднина ќе прерасне во сериозна бизнис соработка со големи потенцијали. Охрид како град сам по себе нуди широка лепеза на области за развој и меѓусебна соработка, почнувајќи од туризмот и угостителството како град којшто е лоциран на едно од најстарите природни езера во светот. Но, не е само туризмот, ние како локална самоуправа цврсто се залагаме за развојот на индустријата во градот, и во таа насока имаме изготвено стратегија за привлекување на инвестиции во индустриските зони, истакна Георгиески во своето обраќање.

Претставниците на двете општински администрации и бизнис заедниците разговараа на повеќе теми и се согласија дека помеѓу Охрид и Огроџењец може да се воспостави блиска соработка во повеќе области. (Крај)

извор: ИнПрес/Општина Охрид фото: Општина Охрид