Идната среда седница на охридскиот совет

Идната среда седница на охридскиот совет

Охрид, 23. септември 2021 (ИНПРЕС) – За идната среда, 29-ти септември е закажана 64 та седница на охридскиот совет.

Пред градските избраници ќе се најдат десет точки. Ќе се произнесат по годишните извештаи за работата и материјално-финансиското работење во минатата, како и програмите за работа во тековната учебна година на охридските средношколски центри. Пред советниците ќе се најдат и Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на детска градинка „Јасна Ристеска“ за учебната 2020/2021 година, предлог одлуката за усвојување на Годишната програма за работа на градинката за оваа учебна година. Советниците ќе треба да ја гласаат и Предлог- Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на  ОЈУ„Кузман Шапкарев“ –  Охрид за 2021/2022 година.

Седницата на Советот на општина Охрид ќе се одржи во големата сала во зградата на општина Охрид со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес