Филипче: Препорака за трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст, здравствени работници и пациенти со имунокомпромитирана состојба

Филипче: Препорака за трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст, здравствени работници и пациенти со имунокомпромитирана состојба

Скопје, 23. септември (ИНПРЕС) – По состанокот со Комитетот за имунизација се препорачува трета доза вакцина против COVID-19 за три категории граѓани, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Се препорачува трета доза вакцина кај сите граѓани над 60 години, потоа за сите здравствени работници без разлика на возрат и кај сите пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, независно од возраста, додава Филипче.

– Третата доза треба да биде од „Фајзер“, ќе следиме дали ќе има и други препораки во однос на производителите. Трета доза се прима најмалку после 6 месеци по примена втора доза, кога ќе истече овој перидо, лицата ќе добијат порака по СМС. Трета доза во земјава ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци, истакна Филипче.

Потенцира дека периодов кривата на новозаболени и натаму е на плато, со приближно ист број регистрирани на дневно ниво. Надмината е бројката од 700.000 граѓани кои се вакцинирани. Министерот Филипче верува дека интересот нема да се намалуваво насока на стекнување колективен имунитет.

Најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250.000 дози од производителот „Џонсон и Џонсон“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива