Прекината соработката со Бочески, нов шеф на стручен штаб во ГФК Охрид Лихнидос е Пепи Џигероски

Прекината соработката со Бочески, нов шеф на стручен штаб во ГФК Охрид Лихнидос е Пепи Џигероски

Охрид, 4. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Поради лошите резултати на почетокот на сезоната, ГФК Охрид Лихнидос спогодбено ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Драган Бочески.

Бочески на почетокот на минатата година се врати на тренерската позиција во клубот, откако претходно се повлече од оваа позиција, по само четири одиграни кола во сезоната 2019/2020 година. Кон средината на декември 2019 година на негово место дојде поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески, но во преговорите со управата на клубот не беше изнајден заеднички јазик, па соработката не продолжи.

Во иднина охридските фудбалери ќе ги предводи Пепи Џигероски. По шест одиграни кола, „рибарите“ имаат само една победа и се последни, десетти на табелата со три бода. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива