Десеттата симфонија на Бетовен завршена со помош на вештачка интелигенција

Десеттата симфонија на Бетовен завршена со помош на вештачка интелигенција

Бон, 5. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Дојче Телеком, во соработка со група меѓународни музичари и експерти за вештачка интелигенција, ќе го претстави еден од најголемите светски културни проекти во сабота, 9-ти октомври – завршената 10 -та симфонија на Лудвиг ван Бетовен.

Проектот на 10 -тата симфонија на Бетовен, кој започна во јуни 2019 година, траеше цели 730 дена и во него беа вклучени 10 научници и експерти од областа на вештачката интелигенција кои работеа на Харвард и Корнел, 56 музичари од симфонискиот оркестар во Бон, оргулистот Камерон Карпентер и сите под водство на д-р Матијас Радер, наградуван музичар и технолошки стратег.

Изборот на 10 -та симфонија беше поттикнат од 250 -годишнината од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен, еден од најпознатите светски композитори, кој во последната година од својот живот започна да ја пишува 10 -тата симфонија, која за жал никогаш не ја заврши, напуштајќи го светот лишен од друго ремек дело. Крајот на „десеттата“ на Бетовен се појави како одговор на прашањето дали вештачката интелигенција може да биде креативна.

Со цел проектот да биде успешно реализиран, вештачката интелигенција го анализираше целото уметничко наследство на Бетовен – симфонии, ноти, музички скици и партитури, кои беа претворени во машински читлива форма. Потоа беше избран најприменливиот метод за машинско учење, користејќи алгоритми за обработка на глас, бидејќи музиката, како и јазикот, се состои од мали единици – букви или ноти – кои даваат значење само кога се смислено составени, што беше особено важно за овој експеримент.

По две години работа, 66 ГБ материјал, повеќе од 10.000 разменети документи и 10.000 музички снимки и два милиони ноти со кои се „увежбуваше“ вештачката интелигенција, симфонијата ќе ја има својата премиера на 9 октомври 2021 година, со почеток во 19:00 часот на Телеком форумот во Бон. (Крај)

извор: Локално фото: архива