Триатлонецот Димитар Јованоски освои златен и сребрен медал на две наптреварувања

Триатлонецот Димитар Јованоски освои златен и сребрен медал на две наптреварувања

Струга, 5. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Најдобриот триатлонец од Струга, Димитар Јованоски, изминатиов викенд освои златен медал на трка во планински велосипедизам што се одржа во Гази Баба, а на трката во друмски велосипедизам што се одржа во Битола, Јованоски го освои второто место.

Димитар Јованоски е млад и многу успешен триатлонец кој напорно работи и го следи својот сон заедно со тренериот Никола Кутаноски.

Досега има постигнато бројни успеси, минатиот месец тој беше севкупен победник на отвореното првенство ,,Триатлон Дрим Струга“. Зад себе остави успешно лето , во јули годинава беше прв на државното првенство во Косово, а претходно беше севкупен победник на првата трка од државното првенство во Триатлон на Македонија. (Крај)

извор: Strugaonline фото: архива