Охридскиот театар вечерва гостува на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Охридскиот театар вечерва гостува на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Охрид, 6. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Народниот театар Охрид вечерва гостува на 55-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Охридскиот театар ќе настапи со претставата „Крик за љубов“ на Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

По неколку одложувања, оваа претстава ќе биде на репертоарот на театарот овој петок, 8-ми октомври, од 20:00 часот. Ќе се одигра во голамата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, пред ограничен број публика, согласно здравствените протоколи, а влезниот билет е 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива