„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Еурофарм Пелистер

„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Еурофарм Пелистер

Охрид, 7. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид во шестото коло од Супер лигата на домашен терен го пречекуваат битолски Еурофарм Пелистер.

Натпреварот ќе се одигра в сабота, 9-ти октомври, од 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“. Влезот е 100 денари. Дозволено е присуство на гледачи до 30% од вкупниот капацитет на салата. Потребно е приложување на сертификат за извршена имунизација или потврда за прележан ЦОВИД-19 во последните 45 дена. Задолжитено е носење на заштитна маска. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на МРТ.

По пет одиграни кола „гладијаторите“ имаат четири победи и еден пораз па со 12 бодови се трети на табелата зад Вардар и Еурофарм Пелистер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива