Фото изложба од францускиот фотограф Ги Фулон во охридскиот Архив

Фото изложба од францускиот фотограф Ги Фулон во охридскиот Архив

Охрид, 7. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Фотографии од градот Охрид од францускиот фотограф Ги Фулон се поставени во просториите на охридскиот Архив.

Станува збор за фотограф кој оставил непроценливо фотобогатство за нашиот Охрид, а колекцијата на Фулон е предадена на чување кај нас благодарение на Петар Боев.

Можеби е уметничко дело на 1 лице и внатре

– Имено, Ги Фулон сам на мотор тргнува од Франција за Балканот во далечната 1954 година, а во 1955 година го посетил градот Охрид каде фасциниран од природните и културни убавини започнува со негово фотографирање. Денес благодарение на неговата љубов кон градот, поседуваме прекрасни фотографии кои сведочат за магичните убавини на Охрид, напиша на својот профил на Фејсбук в.д директорот доц. д-р Никола Митровиќ.

Додава дека сите посетители на охридскиот Архив ќе може да уживаат во прекрасните фотографии но и да ја видат институцијата и подобро да се запознаат со нивната дејност. (Крај)

извор: ИнПрес фото: доц. д-р Никола Митровиќ