Бектеши: Ако дојде до ценовни шокови, ќе се замрзнат цените на основните производи

Бектеши: Ако дојде до ценовни шокови, ќе се замрзнат цените на основните производи

Скопје, 7. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Ако има ценовни шокови ние како министерство веднаш ќе постапиме со замрзнување на цените на основните продукти, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Исто како и минатата година ќе се повикаат на законот за трговија и таа мерка ќе важи и за големопродажба и за малопродажба.

– Нема да дозволиме да има ценовни шокови, посебно за основните продукти. Ова не е задоцнето, министерството и другите институции ќе псотапуваат во зависност од тоа како ќе се одвива состојбата со цените и на суровините и на репроматеријалите и во делот на увозот, но и во делот на производи што се произведуваат во нашата земја, рече Бектеши.

Додаде дека јавноста треба да знае дека не се зборува за 50% зголемување на цените, а секако ако има такви зголемувања, ќе се интервенира. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива