Македонија ја очекува првата победа под раководство на Милевски, Лихтенштајн мора да падне во Вадуц

Македонија ја очекува првата победа под раководство на Милевски, Лихтенштајн мора да падне во Вадуц

Вадуц, 8. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот, во Вадуц се среќава со Лихтенштајн, седма средба во мундијалските квалификации за двете селекции.

Македонија е фаворит на средбата, не го криеме тоа, но сите повикуваат на внимателност, Лихтенштајн ги намачи Романија и Германија кои го победија со по 2-0, не така убедливо како што сите очекуваа.

Можно е да е слика од 1 лице

– Не чувствуваме притисок. Задоволен сум од тоа што го работиме на тренинзите. Задоволен сум од концентрацијата и залагањето на фудбалерите. Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натпревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација. Не сакам да ги коментирам тактичките варијанти. Лихтенштајн особено на последните натпревари покажа дека се работи за цврста и добро организирана екипа, ќе треба да бидеме на најдоброто ниво, изјави селекторот Милевски.

Дуелот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра од 20:45 часот со пренос на Спортклуб 3. (Крај)

извор: Дриблинг фото: архива