Претставата „Сопружници“ повторно на репертоарот на охридскиот театар

Претставата „Сопружници“ повторно на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 12. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска повторно на репертоарот на охридскиот театар.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.

Претставата „Сопружници“ во чест на 10 години Народен Театар Охрид

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

Претставата ќе се одигра в петок, 15-ти октомври, од 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Согласно здраветвените протоколи за заштита од COVID-19 претставата ќе се одигра пред ограничен број публика. За влез потребен е сертификат за вакцинација од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 или потврда за прележан ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. (Крај)
извор: ИНПрес фото: архива