До 9-ти октомври 28.790 граѓани над 18 години во Охрид примиле прва доза вакцина против COVID-19

До 9-ти октомври 28.790 граѓани над 18 години во Охрид примиле прва доза вакцина против COVID-19

Охрид, 12. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Заклучно со 9-ти октомври во Охрид со прва доза вакцина против COVID-19 се имунизирале 28.790 лица над 18 години, што е 64,6% од населението.

Според податоците од министерството за здравство, над 95% од нив или 27.532 граѓани примиле две дози.
И понатаму има намалување на интересот за вакцинација. Во споредба со минатите извештаи, од 12-ти до 18-ти септември се имунизирале 377 граѓани, од 19-ти до 26-ти септември прва доза примиле 310 лица, од 27-ми септемви до 2-ри октомври се вакцинирале 196 лица, додека во последниот извештај од 3-ти до 9-ти октомври прва доза примиле 123 лица.

Сепак, Охрид и натаму е на трето место на државо ниво, зад Неготино и Кавадарци, според опфатот на вакцинирано население со прва доза вакцина.

Во однос на примањето трета доза вакцина против COVID-19 кај охриѓани интересот е слаб, а во тек е вакцинација на здравствените работници кај кои поминале шест месеци по прием на втора доза вакцина, независно од кој производител.
Во соседна Струга со прва доза се имунизирани 24.956 граѓанин или 44,7% над 18 години, а 23.309 примиле и втора доза.

Ваквата состојба придонесе во Охрид да нема притисок врз болничките капацитети. За време на третиот бран, пикот достигна и над 110 хоспитализирани пациенти и драстично зголемен број прегледи, но сега, во четвртиот бран бројките на пациенти кои се лекуваат во болнички услови се далеку помали. Што се однесува до новозаболени од COVID-19, во Охрид моментално има 229 активни случаи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива