Царовска: Скринингот на учениците го координира Министерството за здравство, јавноста ќе биде навреме известена

Царовска: Скринингот на учениците го координира Министерството за здравство, јавноста ќе биде навреме известена

Скопје, 12. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Сé уште не се знае кога ќе започне тестирањето на основците и средношколците за присуство на вирусот COVID-19.

Како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на е-дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Целта е да се добие важен податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека е во постојана координација со Министерството за здравство и ќе бидат навреме соопштение детали за скринингот.

– МОН е во координација со Министетството за здравство кое е надлежно за координација на овој процес. Во моментот кога институциите ќе имаат нови информации, јавноста ќе биде навремено известена, рече Царовска.

Планирано е скрининот да трае пет дена и дневно да се тестираат по околу 1.600 деца, во самите училишта каде што мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива