„Модерна“ не ги исполни критериумите на американската ФДА за трета доза од вакцината против ковид

„Модерна“ не ги исполни критериумите на американската ФДА за трета доза од вакцината против ковид

Њујорк, 13. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Научниците од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) вчера објавија дека „Модерна“ не ги исполнила нивните критериуми за да биде одобрена употребата на засилувачка доза на вакцината против ковид.

ФДА соопшти дека податоците за вакцината на „Модерна“ покажале дека бустер-дозата ги зголемила антителата, но дека разликата во нивото на антитела пред и после третата доза не е доволно голема, особено кај луѓето чии нивоа на антитела останале високи, објави Ројтерс.

ФДА генерално ги следи советите на своите експерти, но не е обврзана да ги прифати.

Групата советници од американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) ќе се состанат следната недела за да разговараат за конкретни препораки за тоа кој може да добие зголемена доза во САД ако ФДУ одобри одредена вакцина.

„Модерна“ побара овластување, 50 микрограми од нејзината вакцина, што е половина од првобитната доза на вакцината, да се дава како засилувач, четири недели по вакцинирањето со две дози.

Компанијата побара од ФДА да ја одобри третата доза за лица на возраст од 65 години и повозрасни, како и за имунокомпромитирани, нешто слично како овластувањето дадено на конкурентската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот партнер „Бионтех“.

Советниците на ФДА, исто така, ќе одлучуваат за засилуввачката доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“ в петок, која се прима во единечна доза. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива