Од петок тренинзи и упис на нови членови во пливачкиот клуб „Акваспирит“

Од петок тренинзи и упис на нови членови во пливачкиот клуб „Акваспирит“

Охрид, 13. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид од 15-ти октомври започнува со тренинзи, а воедно врши и упис на нови членови.

– Тренинзите и часовите ќе се реализираат на базенот кој е во склоп на хотелот „Инекс Олгица“. Тренинзите ќе се реализираат од понеделник до петок во два термини, од 09:00 до 10:30 и од 13:30 до 15:00 часот. За детални информации: Славчо: 077/703 686 и Миле: 078/355 291, информираат од клубот.

Инаку и во текот на летото бројни млади охриѓанчиња имаа можност да навлезат во тајните на пливањето во рамките на Летната пливачка школа, а од клубот кон средината на август го организираа и Првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен“ 2021 година, на кој покрај локалните клубови и школи, настапија и голем број клубови од нашата земја, како и пливачки клубови од соседството.

Насмевките кај најмладите и задоволството на родителите се само уште еден показател за значењето на спортот воопшто и посебно пливањето за градови кои се на вода, како што е Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива