Поради снег забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Поради снег забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Скопје, 14. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопштија од АМСМ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива