Повисоките места низ Македонија под снежна покривка (Фото)

Повисоките места низ Македонија под снежна покривка (Фото)

Охрид, 14. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Од утринава под снежна покривка осамнаа повисоките планински места низ цела Македонија.

Вистинска снежна идила среде есен. Снег има на Галичица, Маврово, Попова Шапка, Ниже Поле,Пониква, под снежна покривка е Крушево, а го има и на планинските превои Стража, Плетвар, Буково.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Можно е да е слика од природа, дрво, пат и снег

Токму поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 09:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, најавија синоптичарите. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст. (Крај)

извор: ИнПрес фото: скимацедониа.мк/Патувања низ Македонија