Јованоски: Да избереме совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси

Јованоски: Да избереме совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси

Охрид, 14. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Советот во една општина е највисокото тело каде се донесуваат најважните одлуки за градот. Не давајте глас за советници кои се подготвени да блокираат. Не им дозволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот на градот, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Науме Јованоски.

Додаде дека во минатото биле гласани точки што биле во корист на поединци, па порача да се избере совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси. Гласот за најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа.

– Колку помалку советници добијат останатите советнички листи, толку повеќе ќе имаме совет растоварен од секакви притисоци. Да не им дозволиме да блокираат изградба на градинки, школи, улици, стопирање на бесправната урбанизација, запирање на процесот за враќање на плажите на граѓаните. Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот град, кои ќе иницираат, а нема да блокираат соработка со градоначалникот и со централната власт. Гласајте за градоначалникот Константин Георгиески и советничката листа на СДСМ и коалицијата Најдоброто за вашата општина. На 17-ти октомври да заокружиме 12 и да покажиме колку го сакаме нашиот град и неговиот просперитет, порача Јованоски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива