Објавен конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021 година

Објавен конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021 година

Охрид, 14. октомври 2021 (ИНПРЕС) – НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го распиша конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021 година.

– Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11, испечатено еднострано на А4 формат во четири еднакви шифрирани примероци. За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори. Поемите се испраќаат на адреса: НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев за 2021 година”, информираат од Центарот за култура.

Можно е да е слика од 1 лице

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 14-ти ноември. Еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива