Паднати дрва и гранки кај Стража, коловозот е чист без остатоци од снег (Фото)

Паднати дрва и гранки кај Стража, коловозот е чист без остатоци од снег (Фото)

Охрид, 15. октомври 2021 (ИНПРЕС) – Паднати дрва и гранки од тежината на снегот има утринава на патот Охрид-Скопје, кон планинскиот превој Стража.

На терен се преземаат мерки за санирање на состојбите. Инаку коловозот е исчистен,без остатоци од снег. Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Од АМСМ се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес