Од полицискиот билтен: Нападнат охриѓанец, пронајдена и одземена марихуана

Од полицискиот билтен: Нападнат охриѓанец, пронајдена и одземена марихуана

Охрид, 15. октомври (ИНПРЕС) – Еден случај на физички напад, два на пронајдена и одземена марихуана и пуштање во оптек фалсификувана банкнота носи билтенот на СВР Охрид.

На 14.10.2021 година околу 21.30 часот, на булеварот „Асном“ во Охрид, Ѓ.М. го нарушил јавниот ред и мир и физички ја нападнал А.У.(40), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.10.2021 година во СВР Охрид приведен е К.Ч.(20) од Охрид кај кого, при извршен преглед во охридското село Велгошти, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана, наменета за натамошна продажба. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(24) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа опојна дрога марихуана.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.К.(34) од битолското село Грешница како и против албанската државјанка Е.Р.(41) со привремено живеалиште во Битола, поради постоење снови на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување на пари“. Двајцата, во продажен објект во Струга, пуштиле во оптек фалисификуваната банкнота од 50 евра. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива