Реализирана обука за прва помош за волонтерите во вакциналните пунктови

Реализирана обука за прва помош за волонтерите во вакциналните пунктови

Охрид, 25. ноември 2021 (ИНПРЕС) – Охридскиот Црвен крст деновиве спроведе обука за прва помош за волонтери кои помагаат на вакциналните пунктови.

Опфатени биле вкупно 20 волонтери од Битола, Струга, Кичево и Охрид, а таргет група биле волонтерите што помагаат во процесот на имунизација против COVID-19 во вакциналните пунктови во својот град.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 2 луѓе, дете и надвор

– Обуката ја реализираа д-р Ружица Ангелеска и Георги Ставрески. Акцентот на обуката беа можните повреди и состојби во вакциналните пунктови, но беа предадени сите групи на повреди и можни итни состојби кои бараат неодложна прва помош во секојдневниот дел од животот на било кое место и во било кое време.
На крајот од обуката, со помош на волонтерите од ООЦК Охрид при Клубот на млади беа подготвени реалистични сценарија преку кој самите учесници имаа можност да се уверат во своите способности и стекнати вештини. Самите сценарија и третманот којшто го прикажаа учесниците беа доказ дека добро ја совладале материјата низ теоретските и практичните предавања и се подготвени за укажување основна прва помош, соопштија од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Црвен крст Охрид