Почна исплатата на ноемвриските пензии

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Охрид, 26. ноември 2021 (ИНПРЕС) – Започна исплатата на пензиите за месец ноември во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).

Пензионерите, пак, кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите можат да располагаат веќе од денес. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива