Македонија денес ќе ги дознае противниците за баражот за СП 2022

Македонија денес ќе го дознае противникот во полуфиналето во баражот за СП 2022

Скопје, 26. ноември 2021 (ИНПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го дознае противникот во полуфиналетои можниот ривал во финалето во рамки на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Ждрепката ќе се одржи во Цирих од 17:00 часот.

Нашата репрезентација е во групата неносители пред ждрепката, заедно со Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина, а можни противници се селекциите на Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска и Велс. Ќе бидат формирани три групи, ќе се игра полуфинале и финале, победниците од секоја група ќе одат на Мундијалот во Катар. Полуфиналните мечеви се играат на теренот на носителите, што значи Македонија ќе игра во гости.

Полуфиналните натпревари од баражот за пласман на Мундијалот ќе се играат на 24-ти март, а финалните на 29-ти март следната година. Победниците од трите финални натпревари патуваат за Катар на Светското првенство што ќе се одржи од 21-ви ноември до 18-ти декември 2022 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива