ГРК Охрид гостува кај Тиквеш

Охрид, 26. ноември 2021 (ИНПРЕС) – Охидските ракометари денеска ги продолжуваат суперлигашките натпревари.

Во рамки на 12-то коло гостуваат во Кавадарци, кај екипата на Тиквеш. Натпреварот е со почеток во 19:00 часот, а ќе биде пренесуван во живо на МРТ 3.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што спортуваат, луѓе што стојат и внатре

– За нас како екипа денешниот натпревар против екипата на Тиквеш е многу значаен. Посветивме цела недела на интезивни тренинзи и видео анализа. Нијанси ќе одлучуваат на натпреварот. Тиквеш е добра екипа, но ние ќе го дадаме максимумот и одиме на победа. Ќе се бориме за нови 3 бодови и за зацврстување на местото во Play Off фазата, вели десниот крилен играч Мице Шилегов во пресрет на вечерашниот натпревар.

„Гладијаторите“ моментално се седми на табелата со 16 бодови, додека Тиквеш е место погоре со 18 бодови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива