МЗ: 69% од новите случаи со COVID-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани, 377 се невакцинирани

МЗ: 69% од новите случаи со COVID-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани, 377 се невакцинирани

Скопје, 26. ноември 2021 (ИНПРЕС) – Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со COVID-19, во период од 6-ти август заклучно со 25-ти ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

– Во период од 06.08 до 25.11.2021 на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни од тестирани на COVID-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 17.896 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со COVID-19. Според статистика за изминативе месеци, 40.380, граѓани, односно 69% од позитивните на COVID-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од 468 моментално хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 25.11.2021 на територија на државата починале 1.986 пациенти со COVID-19, 1.571 пациенти од починатите, односно 79% не биле вакцинирани, а 21%, односно 415 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, велат од министерството.

Оттаму со апел до граѓаните да се вакцинираат, за да дојдеме до постигнување колективен имунитет и да спречиме ширење на мутации на SarsCov2. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива