11 случаи на сезонски грип регистрирани минатата недела во Охрид

11 случаи на сезонски грип регистрирани минатата недела во Охрид

Охрид, 26. ноември 2021 (ИНПРЕС) – Минатата недела, од 15-ти до 21-ви ноември на државно ниво се пријавени 69 случаи на сезонски грип.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 11 од нив се регистрирани во Охрид, 30 во Дебар, 18 во Гостивар, во Кавадарци 8 и во Струмица и Тетово по еден. Во однос на возрасната дистрибуција, 38 лица се од возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Кумулативно, од почетокот на сезоната, на државно ниво пријавени се 332 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е 2,2 пати повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во Охрид се регистрирани 54 лица.

Ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини, таа за сезонски грип и за COVID-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинации. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива