Јовески: На претставниците на бугарското јавно обвинителство утре ќе им бидат предадени ДНК профилите, во автобусот пронајдено уште едно тело

Јовески: На претставниците на бугарското јавно обвинителство утре ќе им бидат предадени ДНК профилите, во автобусот пронајдено уште едно тело

Скопје, 26. ноември 2021 (ИНПРЕС) – Во македонското јавно обвинителство денеска пристигнаа претставници на јавното обвинителство на Бугарија, рече на прес конференција Државниот јавен обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески.

Истакна дека во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите на роднините на загинатите, како и целата документација што е собрана.

– Пред се се работи за докуменатција одземена од „Беса транс“ во делот на регистрација на автобусите податоци од Министерството за транспорт и врски, рече Јовески.

Јавното обвинителство испратило замолница до надлежните власти во Бугарија да присуствуваат во екпертизата, во утврдување на идентитетот на починатите лица и двајца претставници од Институтот за судска медицина со цел да се забрза процесот на идентификација на жртвите.

Тој потврди дека во изгорениот автобус е пронајдено уште едно тело на починат патник, кое е пренесено во институтот во Бугарија и се работи за лице на помлада возраст.

Што значи дека во стаотната несреќа настрадаа 45 патници, а седум се лекуваат во софиската болница. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива