Auto Draft

Ждрепката за нокаут фазата во Лигата на шампиони ќе се повтори

Нион, 13. декември 2021 (ИНПРЕС) – Денешната ждрепка во Нион донесе два контроверзни моменти, поради што УЕФА одлучи истата да се повтори во 15:00 часот.

Андреј Аршавин и целата фудбалска јавност беа во шок, кога беше извлечено името на Манчестер Јунајтед во пар со Виљареал. Овие две екипи се надигруваа во групната фаза, што значи дека не можеа да бидат дел од еден двомеч во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

– Поради технички проблем со софтверот кој им дава инструкции на официјалните лица кои тимови имаат право да играат меѓу себе, се случи грешка при ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА , порача УЕФА.

Видеото кое Атлетико го достави до УЕФА покажува, пак, дека топчето кое беше преместено не е она во кое стоеше името на Манчестер Јунајтед, туку на Ливерпул. Тоа беше уште една грешка, поради која имаше големи реакции на социјалните мрежи. (Крај)

извор: Gol.mk фото: архива