Пецаков: Вкупниот долг на општина Охрид е 856.831.830 денари, во предизборието пораснал за над 8 милиони евра

Пецаков: Вкупниот долг на општина Охрид е 856.831.830 денари, во предизборието пораснал за над 8 милиони евра

Охрид, 20. декември 2021 (ИНПРЕС) – Вкупниот долг на општина Охрид е 856.831.830 денари и е далеку над она што претходно беше пласирано во каква финансиска состојба се наоѓа општината, рече на денешната прес конференција градоначалникот Кирил Пецаков.

Според физибилити студијата од 5-ти јули годинава вкупниот општински долг по сите основи е 296 милиони денари, но заклучно со 8-ми ноември, односно во предизборниот и периодот на кампањата долгот се зголемил за нешто повеќе од 8 милиони евра. Пецаков тоа го препиша на недомаќинско работење, одвојување големи суми за времени вработувања, трасфери кон невладини организации и медиуми. Во 2019 година после финансиската помош од Владата за раздолжување на општина Охрид, долгор изнесувал 530.000 000 денари.

Општина Охрид отвора Јавна расправа за Нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2022 година

– Само во последните две ставки трансферите од претходната година до оваа се разликуваат за дополнителни 250 илјади евра. По основ на обврски по склучени договори општината должи 66.540.052 денари, околу милион евра треба да се платат за договори што се реализирани, делумно се реализирале или воопшто не е почната нивна реализација. Оваа сума е пресметана според договорите, додека реалната веројатно би била поголема, потенцира Пецаков.

Слична е состојбата и со финансиската кондиција на општинските јавни претпријатија, каде има наталожени долгови по сите основи. Вкупно сите претпријатија должат близу 498 милиони денари.

Лидер во долгови е ЈП „Водовод“ со долг од 309.345.403 денари од кои речиси 255 милиони е долг кон ЈП „Колекторски систем“, а од основањето генериран долг од самото јавно претпријатие е 61.640.880 денари.

– Следуваат ЈП „Билјанини извори“, со долг од 78.198.322 денари, потоа „Охридски комуналец“ со 60 милиони денари, па „Нискоградба“ со 46.657.094 денари, „Градски пазар“ до 2,4 милиони денари и „Гр адски гробишта“ со еден милион денари, рече Пецаков.

Кумулативно долгот на сите претпријатија заедно со долгот на општината изнесува 1.345.432.649 денари или околу 22 милиони евра. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес