Скопје/Охрид, 20. декември 2021 (ИНПРЕС) – Од полноќ цените на бензините и дизелот остануваат исти, се намалува Екстра лесното масло за домаќинство.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот (Д-Е V) остануваат на ниво од претходната недела, додека Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар. Цената на мазутот се намалува за 0,189 денари/килограм.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 73 денари/литар
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 75 денари/литар
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 64,50 денари/литар
- Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 64 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 39,864 денари/килограм. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива