Тенисерката Ана Стојаноска со двоен пласман во полуфинале на Турнири во источноевропски развојни првенства

Тенисерката Ана Стојаноска со двоен пласман во полуфинале на Турнири во источноевропски развојни првенства

Охрид, 23. декември 2021 (ИНПРЕС) – Охридската тениска надеж Ана Стојановска обезбеди пласман во две полуфиналиња во сингл конкуренција на туринирите во Источноевропски развојни првенства до 14 години во Анталија, Турција.

На турнирот учествуваа најдобрите двајца во машка и женска конкуренција од 10 држави од Источна Европа.
Одличен успех забележаа и Амар Хусеиновиќ и Александар Трифуновски кои победија во дубл конкуренција на двата турнири, а Амар играше во финалето на едниот и полуфиналето на другот турнир во сингл.

Пласманот во 4-тa најдобри на двата турнири е голем успех за Ана Стојановска, за градот, но и за македонскиот тенис. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива