Пронајдена кеса со кокаин и марихуана во Охрид, приведени четири лица

Пронајдена кеса со кокаин и марихуана во Охрид, приведени четири лица

Охрид, 10. јануари 2022 (ИНПРЕС) – На 9-ти јануари 2022 година во СВР Охрид, приведени се Х.Ќ.(26), Љ.А.(23), М.П.(23) и С.У.(23), сите од тетовското село Пирок.

При контрола на возило „ауди“ во кое се превезувале, извршена на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пронајдена е кеса со кокаин и марихуана. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: архива