Општината објави конкурс за избор на најдобрите во спортот во Охрид за 2021 година

Општината објави конкурс за избор на најдобрите во спортот во Охрид за 2021 година

Охрид, 10. јануари 2022 (ИНПРЕС) – Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2021 година. 

Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.

Наградите и признанијата за спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид и спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби, се доделуваат на жители на Охрид за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки и спортисти кои настапуваат за спортски клубови на територијата на општина Охрид и надвор од неа.

Наградата и признание за Спортска легенда – за посебни заслуги во спортот се доделува на лице родено во Охрид за промоција,развој и постигнати резултати во областа на спортот.

Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чиешто седиште е во Охрид, како и физички лица.

Јавниот конкурс трае до 21-ви јануари до 13:00 часот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива