28 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

28 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

Охрид, 11. јануари 2022 (ИНПРЕС) – Денеска во периодот од 07:00 до 11:00 часот на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 28 возачи.

– Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а четири надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива