Серија земјотреси и денес го тресат тлото на Македонија

Серија земјотреси и денес го тресат тлото на Македонија

Скопје, 12. јануари 2022 (ИНПРЕС) – Тлото не мирува и натаму регистрирани потреси во близина на Лерин, што се чувствуваат и во Охрид.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Епицентрите се наоѓаат 120 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци на опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 04:01 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML3.7 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.

Последните потреси, покрај вознемиреноста кај населението, предизвикаа и помала материјална штета и оштетувања на постари објекти во поширокиот регион на Битола. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива