Младите здрави дрва од „Македонски просветители“ се пресадуваат во градскиот парк

Младите здрави дрва од „Македонски просветители“ се пресадуваат во градскиот парк

Охрид, 12. јануари 2022 (ИНПРЕС) – Поради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“, здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори се пресадуваат во градскиот парк, информираат од општина Охрид.

Акцијата ја спроведуваат екипи на ЈП „Охридски Комуналец” кои јаворите ги засадуваат на локации каде претходно се отстранети стари и уништени дрвја.

Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид