Бектеши: Одземена е лиценцата за работа на Т.А „Беса травел“

Бектеши: Одземена е лиценцата за работа на Т.А „Беса травел“

Скопје, 12. јануари 2022 (ИНПРЕС) – Министерството за економија денеска ја одзеде лиценцата за вршење туристичка дејност на туристичката агенција „Беса травел“, информира министерот Крешник Бектеши.

– По барање на Министерството за економија Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса : с.Рашче, Општина Сарај -Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса ул. Стив Наумов бр.2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно истиот не работи. Државниот пазарен инспекторат постапувајки по наше барање има доставено Известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека Правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор по што како министер за економија донесов Решение за одземање на Лиценцата, напиша Бектеши на Фејсбук.

Нема опис за фотографијата.

Тој ги повика сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива