Почнува ЕП во ракомет, Лазаров очекува храбра и полетна Македонија

Почнува ЕП во ракомет, Лазаров очекува храбра и полетна Македонија

Дебрецин, 13. јануари 2022 (ИНПРЕС) – Походите на македонските ракометари станаа асоцијација за месец јануари во последнава деценија и пол, а традицијата продолжува и во оваа, нова година.

На прагот сме на Европското првенство кое се одржува во Унгарија и во Словачка, а една од 24-те учеснички е и Македонија, предводена од бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Кире Лазаров. Покрај сите големи подвизи во својата кариера, тој ќе стане уникатен по уште една работа: првиот човек со двојна функција на Европските првенства, селектор и играч.

Нашиот бренд амбасадор е задоволен од тоа како работеа неговите ракометари во подготвителниот период и задоволен е од нивниот однос кон националниот дрес. Затоа и покрај проблемите со заразени ракометари во последен момент, Лазаров верува во една силна Македонија.

Кире Лазаров е нов селектор на репрезентацијата - SPORTCLUB.mk

– Почнавме сериозен процес на подмладување, за кој треба да имаме трпение сите ние. Дополнително ни ја отежна ситуацијата последното тестирање за Ковид, но и покрај тоа, очекувам една храбра и полетна Македонија со голема самодоверба и одлучност. Презадоволен сум каков тренажен процес имавме во целиот период од 22 декември до 10 јануари. Успеавме да промениме многу стари навики и воведовме нов начин на работа и однос кон националниот дрес, што е од исклучителна важност. Македонскиот народ се поистоветува со овој национален тим во последните 15 години и мораме заеднички да ја градиме новата, квалитетна иднина. Подготвени го дочекуваме почетокот на ЕП 2022 – вели Лазаров.

Тој ќе ја поведе Македонија во дуелите во групата Ц, кои се играат во Дебрецин. Почнуваме денес против Словенија во 18:00 часот. Во истиот термин в сабота ќе се пресметаме против Црна Гора, а ќе завршиме в понеделник (20:30) против фаворитот во групата и актуелниот светски првак, Данска. За да се оствари посакуваниот пласман во главната фаза, меѓу најдобрите 12 во Европа, потребно е Македонија да го освои, барем, второто место во групата. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива