Глигор Дончев направи трансфер во кавадаречки Тиквеш

Глигор Дончев направи трансфер во кавадаречки Тиквеш

Охрид, 13. јануари 2022 (ИНПРЕС) – Глигор Дончев повеќе нема да го носи дресот на ГФК Охрид Лихнидос.

Левиот бек во овој зимски преоден рок го напушта охридскиот клуб и преминува во кавадаречки Тиквеш.

Од клубот најавија дека деновиве ќе следи и негова официјална промоција во дресот на Тиквеш. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива