Ловна пушка и 30 куршуми пронајдени кај лице од село Горенци

Ловна пушка и 30 куршуми пронајдени кај лице од село Горенци

Охрид, 13. јануари 2022 (ИНПРЕС) – На 12/13.01.2022 полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на А.А.(52) од охридското село Горенци.

Притоа, пронајдени се и одземени една ловна пушка „Монте Карло“ калибар 12 милиметри и 30 куршуми за ловна пушка различен калибар што нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива