Пожар во помошни простории од куќа, запалено возило во движење

Охрид/Струга, 13. јануари 2022 (ИНПРЕС) – На 11-ти јануари во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, повредени лица нема. Увид извршија полициски екипи.

На 12-ти јануари во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Селци настанал пожар во патничко возило во движење „Лада“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(44) од селото Нерези. Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршија полициски екипи. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива