Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Санадер во болница поради проблеми со срцето

Санадер во болница поради проблеми со срцето

1 min read

Загреб, 26. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој е осуден за корупција и воено профитерство, од вчера се наоѓа во болница, поради проблеми со срцето.

– Тој се наоѓа во Клиничко-болничкиот центар во Загреб – Ребро, објави хрватскиот портал Индекс. Истиот извор наведува дека Санадер бил итно префрлен во болницата, откако се пожалил на силни болки во градите.

Адвокатите на Санадер изјавиле дека врз него била извршена електроконверзија за да се воспостави нормална работа на срцето.

Санадер веќе одредено време не се чувствувал добро, а поради проблеми со срцето не присуствувал на неколкуте последни рочишта на судот во Загреб.

Санадер е осуден на десет години затвор. (Крај)

извор: Индекс.хр фото: архива

Post navigation

Previous По поплавите синоќа, утрово и земјотрес во Грција
Next RT ќе отвори радиостаница и портал за вести во Србија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.