Белград, 26. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Руската државна меѓународна агенција „Раша тудеј“ од 28-ми октомври ќе отвори сопствена радиостаница и портал за вести во Србија.
Истиот ден во Москва ќе се одржи специјална прес-конференција, на која ќе бидат објавени сите детали за рускиот проект, не само во Србија, туку и во уште 29 земји во светот. Во моментов меѓународната агенција е најпозната со телевизискиот канал „Раша тудеј“.
Информативниот портал во Србија ќе информира за настаните во земјата, но во однос на меѓународните вести ќе се придржува кон официјалните ставови и политиката на Москва. Во оваа фаза не се предвидува отворање на телевизиски канал. „Раша тудеј“ за радиостаницата доби дозвола од Министерството за култура и информации на Србија. (Крај)
извор: RT фото: архива
