Укинување на сите рестриктивни анти-ковид мерки, освен носење маски, препорача Комисијата

Укинување на сите рестриктивни анти-ковид мерки, освен носење маски, препорача Комисијата

Скопје, 27. април 2022 (ИНПРЕС) – Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со COVID-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со COVID-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки. (Крај)

извор: Нова ТВ фото: архива