Охрид, 5. мај 2022 (ИНПРЕС) – Како дел од третата фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ во тек е поставување на два нови шибери со профил ф 200, еден шибер со профил ф 100 и еден шибер со профил ф 80.
Истовремено се врши и репарација на два шибери со профил ф250 и еден шибер со профил ф100.
Со оваа голема акција значително ќе се подобри регулацијата и водоснабдувањето во централното градско подрачје, информираат од охридски „Водовод“.
Додека траат зафатите без вода се жителите од улиците: „Македонски Просветители“, „Кеј Македонија“, „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“, делови од булевар „Туристичка“ (на потегот од гимназијата до бензинската пумпа „Макпетрол“), „Гоце Делчев“, дел од „Бистрица“ и сите улици од стариот дел на градот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: Водовод Охрид