Поставен нов цевковод на улицата „Македонски просветители“

Поставен нов цевковод на улицата „Македонски просветители“

Охрид, 16. мај 2022 (ИНПРЕС) – Како дел од третата фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ поставен е нов цевковод со профил Ф110 од полиетиленски материјал, во должина од 20 метри, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Моментално се работи на потегот од пресек со улица „Димитар Влахов“ до пресек со улица „Дама Груев“ и тука од средината на април има забрана за паркирање и запирање на паркинг просторот.

Можно е да е слика од 1 лице и надвор

Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување.

Нема достапен опис

Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки, тротоарите од гранитни камени плочи, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива